Иницијативата и слоганот „Супериор Ранс – Стани, трчај!“ се традиција во која секој треба да ни се придружи.
Оваа иницијатива доаѓа како резултат на намалената физичка активност поради зачестените канцелариски дејности, како и фактот дека Штип, како еден од поголемите градови во Македонија, немаше официјална градска трка.
Но, на 30 април 2023, тоа се промени! Со над 500 тркачи од Македонија и надвор од неа, над 100 волонтери и огромна публика која непрекинато ги мотивираше сите, иницијативата „Супериор Ранс – Стани, трчај!“ успешно започна една нова традиција за градот Штип.
И затоа денес со огромно задоволство ви најавуваме дека традицијата продолжува! Уште поголемо, позабавно, покреативно и со безброј награди – СУПЕРИОР РАНС 2024!
Драги тркачи, волонтери, поддржувачи и најдрага публико, се гледаме пред идниот бизнис центар на Супериор Диспеч Сервис НА 21 АПРИЛ 2024!