Правила и Прописи

На трката Superior Runs може да трчате индивидуално или пак како дел од тим.

Тимско трчање на 5К и 10К

Доколку сакате групно да трчате на “Superior Runs”, постои можност да се пријавите како тим кој сака да трча под сопствено име.Тимот може да биде составен од членови по ваша желба:
– Атлетски тим
– Вработени во какви било фирми, организации и институции
– Другари, пријатели кои сакаат да трчаат како група

Минималниот број за еден тим е четворица, а максималниот број на тркачи е неограничен.

Ако еден тим брои повеќе од 4 члена, при рангирањето ќе се земат во предвид само времињата на најдобрите четворица членови.

Еден натпреварувач има право да учествува само за еден тим.

Екипниот пласман не го исклучува индивидуалниот пласман, односно секој натпреварувач се натпреварува и во индивидуална и во екипна конкуренција доколку е дел од некој тим.

При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “ТИМ“ треба да го напише името на тимот или да одбере од веќе понудените тимови (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).

Името на тимот мора да биде ист за секој член од тимот. Системот нема да може да препознае дека сте од ист тим на пример, ако името на вашиот тим е Superior Runs тогаш треба сите членови од тимот при пријавување да го одберат името Superior Runs. Внимавајте на употреба на големи и мали букви, специјални знаци при внесување на името на тимот.