SR Dri-FIT 2026

SR Dri-FIT 2026 е дизајниран за тркачи што бараат сериозен комфор, функционалност и спортски изглед.

Материјал
Изработен од 100% полиестер со чувство на памук – мек, лесен и пријатен, наменет за активност и долготрајно носење.


Fit

Спортски и уреден крој што стои природно на телото, без да ограничува движење. Идеален за трчање, тренинг и секојдневни активности.

Препораки за одржување:

  • Перете на максимум 30°C
  • Рачно перење или машинско перење на нежна / sports
    програма
  • Не комбинирајте со облека што има велкро, бидејќи
    може да предизвика оштетување
  • Се препорачува сушење на закачалка
  • Пред перење превртете ја облеката од внатрешна страна
  • Користете мала количина течен детергент
  • Не користете прашкасти детергенти

Опис на дизајнот

Приказна инспирирана од патеката и емоциите што ги носи
Дизајнот на SR Dri-FIT 2026 е инспириран од Штипската патека и идентитетот на Superior Runs, со пораки сокриени во секој избран детал (линии, бои и форми).

Поврзаноста на главната линија напред и назад, како и нејзиното задебелување, не се случајни

Таа симболизира комплетен круг – како и самата мапа на патеката, каде што стартот и финишот се преклопуваат на иста точка, а последниот чекор е на истото место како и првиот. Тоа е детал што ја носи приказната на Superior Runs – “Стигнуваш таму каде што си почнал, но сега си за 5КМ / 10КМ подобра верзија.” Нејзиното задебелување претставува континуиран пораст што се гради со редовен и посветен труд – основа за кондициона издржливост што му е потребна на секој тркач во подготовките.

Динамичните линии се внатрешна експресија

Инспирирани од миксот на емоции што се доживуваат за време на трката, а нивната визуелна асоцијација е поврзана со промената на ритамот и трагите од патики на штипскиот асфалт.

Спектар од разноликост на едно место

Миксот од плави нијанси, жолто и бело, го носи лицето на Superior Runs, прикажан во интересен спектар на избоени линии којшто симболизира спој на илјадници луѓе од цела Македонија на едно место, обединети за трката Superior Runs. Резултатот е дрес динамичен дрес, што изгледа чисто и професионално, а воедно содржи приказна директно поврзана со настанот на Superior Runs.