Штипјанецот Тони истрча неверојатни 250км и ексклузивно ни раскажа за неговото единствено искуство на трката „Eiger Ultra Trail by UTMB“.
Манев со насмевка на лицето и жар во очите кои можат да се видат само кај навистина страствени и целосно предадени спортисти, ни го прераскажа своето филмско искуство на една од најдолгите трки во Европа, со искачување од 18.000 метри на Алпите.
За да учествува на оваа трка, Тони ги исполни сите критериуми и ги собра сите поени, од успесите на неговите претходни натпревари. А, како еден од најголемите негови успеси ја издвојуваме трката во 2023 година во Крањска Гора, каде што Манев истрча 177 км.
Благодарност до Am Health Corner кои беа одлични домаќини на нашата средба.
Целото интервју можете да го погледнете на следниот ЛИНК.