• Како да се регистрирам за некоја од трките?

Можете да се регистрирате преку нашата официјална страна (www.superiorruns.mk) на копчето ПРИЈАВИ СЕ.

 

  • Која е должината на трката и по која патеката се трча?

Должините на трките се 5км и 10км. Траекторијата е околу течението на реката Отиња. Деталите за траекторијата можете да ги видите на www.superiorruns.mk.

 

  • На кој начин можам да се натпреварувам? Дали мора да се натпреварувам во тим?

Можете да се натреварувате индивидуално, или пак како член од тим кои самите си го составувате, со ваши пријатели тркачи. Тимовите се делат / групираат на женски и машки тимови.

 

  • Колку членови мора да брои тимот? Како се рангира / мери времето на еден тим?

Еден тим мора да брои минумум 4 членови. Доколку тимот брои повеќе од 4 членови, се собираат времињата на најбрзите 4 членови од тимот, и понатаму резултатите се споредуваат со резултаите на останатите тимови.

 

  • Дали тимот може да биде мешан (мажи и жени)?

Може, но доколку нема најмалку 3 жени и 3 мажи во тимот, не се квалификувате за победа.

 

  • Која е минималната возрасна граница за еден натпреварувач?

Може да се натпреварувате доколку сте постари од 16 год. 

 

  • Пријавен сум на трка со една должина. Се предомислив и сега сакам да се пријавам за друга должина. Дали е возможно?

Доколку сте пријавени на трка со една должина не е возможно да се смените за натпреварување во трка со друга должина.

 

  • Не сум добил/а имејл со конфирмација за мојата регистрација. Дали треба да се обратам некаде и да побарам нов имејл за конфирмација?

Побарајте во Spam фолдерот на вашиот e-mail, доколку немате порака и таму обратете се на [email protected]

 

  • Како да проверам кој ми е статусот на мојата регистрација?

На нашата веб страна (www.superiorruns.mk.), во Стартна листа има табела со податоци за сите пријавени натпреварувачи.

 

  • Дали можам да ја променам постоечката регистрација на друго име, бидејќи сум спречен/а да учествувам на денот на трката?
    Да, доколку остане истата должина на траекторијата. Се што треба да направите е да донесете конфирмација на денот на трката при подигање на стартниот пакет.