Конечно и Штип има своја атлетска трка.
Првичниот впечаток е најважен, а тој е сигурен и загарантиран столб на градењето на брендот. Овојпат никој што беше дел од СУПЕРИОР РАНС не остана рамнодушен на се она што се случуваше пред, за и потоа трката. Толку вложен труд, креативност, идеи, страст, љубезност, професионализам, енергија… Се на едно место и тоа од прва.Видовме и доста новитети како иновација на модерното трчање при организација и реализација на улични трки. Големи организатори, светски луѓе, врвна сцена, се ИН насекаде.Во нашиот Штип, во нашата Македонија. А ние се чувствуваме конечно исполнети, среќни и желни да дадеме се од себе како најважна алка на тој успешен мозаик. Забораваш и на тешка патека и на угорници и на калдрма. Гинеш и даваш максимум за најдоброто од себе за да го памтиш настанот само по убаво. Јас вчера дадов се од себе и да ми кажеа уште една десетка да трчам верувајте дека пак ќе стартував. И дај Боже така секој викенд да биде на спортската атлетска сцена.
Test