Одлична организација на Superior Runs за првата градска трка на рамна патека во Штип. Честитки и голема благодарност до сите штипјани кои излегоа и го поддржаа овој настан. Наша огромна чест и задоволство беше да бидеме дел и сите тркачи да ги загрееме пред својот настап. Прекрасно е чувството да се трча во сопствениот град, пред своја публика, бурен аплауз, поддршка и позитивен дух од сите присутни. Па се надеваме дека сето ова ќе стане традиција за нашиот град. BFit беше еден од најбројните тимови на оваа трка и со тоа докажа дека ги поддржува сите професионални спортисти, а и рекреативци. Учествувавме и во двете трки, на 5км и 10км. • 2 место екипно на 5км, жени • 3 место екипно на 10км, жени
Најмило од се ни е што најбрзата штипјанка на 10км ја имаме токму од нашиот тим, Александра Каракерзова. Честитки за наградата, да се множат уште многу повеќе!

Bfit

Superior Runs не само што успеавте да организирате трка на 5К и 10К во Штип, градот каде е невозможно да се најде рамна патека, туку тоа го направивте со стил до најситни детали. Секоја чест!
Фала Ви за топлиот пречек и одличната организација на сите кои бевте дел од оваа нова приказна, особено за Жане!

АC Belasica Run

Денес трчавме на Superior Runs во Штип на 5 и 10км, на првата градска трка во Штип.
На трката на 10км, четворицата најбрзи од нашиот тим Сашко Петков, Горан Попов, Лазар Толовски и Александар Петров со времиња од 38 до 40 минути беа второпласирани во тимска конкуренција.
Честитки и за останатите што завршија, a веќе следната недела се гледаме на 10км во Скопје. Посебно честитки до организаторот Superior Runs за одлично организираното прво издание.

Meridian Athletic Club Kavadarci

ANOTHER SEASON, ANOTHER GOALS ?
2/2 за @bibicatibica во новата сезона. Нова сезона и нова трка по пиедестали.
А и прва штипска трка – Superior Runs.
Очигледно е дека трките во Македонија веќе почнуваат со организација од нивоа далеку над почетното ниво. Денешната во Штип беше трка со сите дострели.
Им посакувам долгогодишна традиција и многу успеси во сите нивни активности.

Kiradjiev Training Systems

Одлично издание на Superior Runs 2023!
Изминатиот викенд се одржа првата трка на пат во Штип, со која Штип заслужи да биде поставен на атлетската мапа во Македонија.
Делта повторно со успешен настап, победаза Димитар Петровски на трката на 5км, Иван Пешовски второпласиран на двојно подолгата делница од 10км, а исто така Атанас Анчевски повторно се искачи на подиум како третопласиран.
Честитки за успешната организација, следната година се гледаме со двојно поголем број на учесници.

Атлетски Клуб ‘‘Делта‘‘-Скопје

Конечно и Штип има своја атлетска трка. Првичниот впечаток е најважен, а тој е сигурен и загарантиран столб на градењето на брендот. Овојпат никој што беше дел од СУПЕРИОР РАНС не остана рамнодушен на се она што се случуваше пред, за и потоа трката. Толку вложен труд, креативност, идеи, страст, љубезност, професионализам, енергија… Се на едно место и тоа од прва.Видовме и доста новитети како иновација на модерното трчање при организација и реализација на улични трки. Големи организатори, светски луѓе, врвна сцена, се ИН насекаде.Во нашиот Штип, во нашата Македонија. А ние се чувствуваме конечно исполнети, среќни и желни да дадеме се од себе како најважна алка на тој успешен мозаик. Забораваш и на тешка патека и на угорници и на калдрма. Гинеш и даваш максимум за најдоброто од себе за да го памтиш настанот само по убаво. Јас вчера дадов се од себе и да ми кажеа уште една десетка да трчам верувајте дека пак ќе стартував. И дај Боже така секој викенд да биде на спортската атлетска сцена.

Игор Јакимовски

Ова е просечен ден за човештвото, но голем ден за спортот во Штип. За прв пат е одржана трка од меѓународен карактер на 5 и 10км по современи стандарди, со повеќе од 400 учесници. Браво за организаторот #superiordispatch и победниците!‘

Томислав Младеновски